Skip to main content

Охриѓани засадија здравје и здрава иднина

Професори, ученици претставници од јавни претпријатија и граѓани зедоа учество во дванаесеттата по ред акција „Ден на дрвото“.

 |  Мишел Наумоски  | 
drvce
дрвце

Охриѓани денес ја засадија својата здрава иднина. Поголем број на граѓани, претставници од јавни претпријатија, професори и ученици денес го збогатија и облагородија местото викано „Мазатар“ во Горно Лакочереј, во непосредна близина на прекрасниот манастир „Свети Спас“.

„Денеска садиме на местото кај манастирот „Свети Спас“ на површина од околу 3 хектари со садници од кедар и албиција. Овие услови се добри моментално, одговараат, има влага, не е проблем никаков за прифаќање на садниците.“-вели Зоран Жилески од ЈП „Македонски шуми“.

den na drvotoНа „Мазатар“ садеше и државниот секретар од министерството за одбрана, Сашо Стефановски кој рече дека се трудат секоја година оваа акција да станува што е можно помасовна.

„Вчера имавме можност да го видиме првиот снег, се надевам дека од она што го кажаа стручните лица, дека почвата е погодна и подготвена за оваа 12та по ред акција „Ден на дрвото“. Се разбира преминува во традиција која што се надевам дека понатаму младите генерации ќе ја следат во иднина, затоа што ова што го правиме е влог во нашата поздрава иднина. Се разбира, земја со убава природа, бујна вегетација и земја која што е поубаво место за живеење за своите граѓани.“-рече Стефановски.

Mazatar Den na drvotoКон акцијата се приклучи и советникот во Советот на општина Охрид, Ангел Јанев.

„Јас засадив 15-20 дрвца во овој период додека сум овде и ја поздравувам оваа акција, им посакувам не само на охриѓани туку и на цела Македонија постојано да се движи бидејќи ова не да е редок пример на ваква акција во светот, туку мислам дека е еден, единствен пример државата да се грижи за пошумување на голите места низ Република Македонија. И во оваа акција, и во многу други акции ги повикувам охриѓани и сега и напролет кога ќе има вакви акции да се придружат.“-изјави Јанев.

Инаку во денешниот „Ден на дрвото“ свој придонес дадоа и десетина полициски службеници од СВР-Охрид засадувајќи садници на локалитетот „Мазатар“. Во Горно Лакочереј со акцијата „Засади здравје, засади здрава иднина“ се засадија околу 7000 садници, додека на територијата на целата држава на површина од 1.150 хектари предвидено е да бидат засадени вкупно пет милиони садници.

{loadposition content9}