Охриѓанка до својот дом на Сараиште доаѓа преку туѓи дворови
Охриѓанка до својот дом на Сараиште доаѓа преку туѓи дворови.
Радоста од враќањето во татковиот дом на Сариште, на самиот езерски брег, за охриѓанката Слаѓана Каневче Милевска станала секојдневен стрес. Таа нема приод до нејзиното адаптирано катче изградено во дворот на семејната сега разрушена куќа, но и заради рушевините меѓу кои мора да помине. Покрај распадната таткова куќа во фаза на распаѓање е и соседната која има околу 7-мина сосопственици, раскажува Слаѓана . Таа секојдневно мора да поминува низ туѓи дворови за да стигне до адаптираната просторија во која се вратила да живее пред 15 години. Дел од куќата која сега е претворена во руина ја наследила од нејзините родители, а другиот дел нејзиниот чичко го продал. Милевска кажува дека повеќе од 6 години води спор со човекот кој сега е сопственик на едниот дел од куќата. Тој доаѓа еднаш во годината на 15 минути ,а јас тука живеам и не ми дозволува да ја срушам распадната куќа и да си изградам пристојно живеалиште, раскажува Слаѓана. Тој сака поглед кон езеро иако кога купувал знаел дека неговот дел од куќата гледа кон Св. Софија, вели Милевска. За да престане нејзината секојдневна агонија таа упатува апел и бара помош од Локалната самоуправа и Завод и Музеј.
„ Во моментов барам да ми дадат да го исчистам стариот дел и да изградам ако ништо друго барем скала низ која ќе можам слободно да излегувам и да влегувам“, замолува Каневче Милевска.
Слаѓана Каневче Милевска во повеќе наврати поднесувала барања и проекти за градба до Завод и Музеј , но од таму не и дозволуваат да гради. Образложението е дека се води судски спор, а за кој не се знае кога ќе заврши, напоменува таа. Додава дека пред неколку години објектот го посетиле и од Локалната самоуправа. Во објектот во кој се живеело со векови, а се наоѓа на Сараиште, нешто мора да се преземи, вели Слаѓана.
„Грда слика е за тие што поминуваат по езеро со брод и кајчиња. Секој ден сликаат не знаат зошто е така. Не им е јасно дека општината не може да преземе нешто. Општината еднаш донесе закон дека мора да се рушат старите објекти или тие ќе им ги рушат , но понатака ништо не превзеде“, напоменува Слаѓана.
Слаѓана Каневче Милевска поскаувала и се надевала пензионерските денови да ги помине спокојно во татковота куќа во која се родила. Сето тоа се срушило како кула од карти. Сега заради рушевините и туѓите дворои низ коиора да се поминува, на гости не може да и дојдат ни нејзините деца и внуци, а ниту пријателите.