Кривична пријава
Охриѓанка упатила закани кон малолетничка во училиште
Кривична пријава против 20-годишна девојка која во охридско училиште упатила закани кон малолетничка, информираат од СВР.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.К.(20) од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”.
Пријавената, на 23.11.2022 во едно училиште во Охрид го нарушила јавниот ред и мир со викање и закани кон малолетничка – информираат од СВР Охрид.


