Skip to main content

Охриѓанката Ајше Хасан е една од најталентираните интелектуалци во светот

Ајше Хасан е една од најталентираните интелектуалци во светот.  Оваа матурантка од колеџот Јахја Кемал го понесе македонскиот тим на врвот со четири златни медали во четири категории на Светскиот натпревар „Талентирани интелектуалци“ што од 20 до 23 април годинава се одржа во Кембриџ, Англија. Охриѓанката Ајше сонува еден ден да работи во НАСА.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охриѓанката Ајше Хасан е една од најталентираните интелектуалци во светот. Оваа матурантка од колеџот Јахја Кемал го понесе македонскиот тим на врвот со четири златни медали во четири категории на Светскиот натпревар „Талентирани интелектуалци“ што од 20 до 23 април годинава се одржа во Кембриџ, Англија. Тие се натпреварува со млади таленти од 40 земји од Европа, Азија, Африка ,Америка и Австралија. Хасан кажува дека со работа и труд се е возможно па дури да се освои и светот. Таа иако доаѓа од скромно семејство без некои големи материјални можности никогаш не престанала да сонува и да се надева. Трудољубиво учела и се надоградувала , а тоа им го советува и на своите врсници.

Најпрво да учат и да се трудат за тоа што го сакаат и да не мислат дека ако немаат услови неможат да успеат, ако вистински веруваат во себе, вели Ајше.

Ајше од сите предмети најмногу ја сака физиката, но и литературата. На натпреварот во Англија се такмичеле во четири категории и тоа тест за знаење, дебатирање, пишување есеј и тимско натпреварување. По постигнатите резултати на натпреварот во Англија добила понуди своето образование да го продолжи на „Кингс“ Колеџот во Лондон, Универзитетот „Манчестер“ или на Бристол колеџот кои спаѓаат во групата на 100 најдобри универзитети во Светот. Оваа млада девојка се надева дека ќе го направи вистинскиот избор и ќе се запиши на универзитетот кој ќе и ги понуди најдобрите можности.

Мене многу ме интересира астрономија и аплицирав за да студирам астрофизика. Јас уште од мала премногу сакав да работам во НАСА. Останува да видиме дали овај сон ќе ми се оствари, кажува Ајше.


Инаку целокупниот финансиски трошок за патувањето на Ајше во Англија го покри Локалната за што таа посебно му се заблагодари на градоначалникот Јован Стојаноски со надеж дека ќе биде подржана и во понатамошното нејзино школување, ако не од локалната тогаш од државата која ќе и додели стипендија.