Skip to main content

Охриѓанката Ирма Гогова на аудиција на најпопуларното шоу во светот – Америка има талент

Ирма беше победничка на талент шоуто Охрид Суперстар во 2017 година, кога беше прогласена за најдобра од страна на стручното жири.
 |  инфодеск  | 

25 годишната охриѓанка Ирма Гогова, која долги години се занимава со музика, ќе се обиде да го покаже својот талент во едно од најпопуларните шоуа во светот, Америка има талент, во кое се откриваат нови таленти во повеќе области.

-Порано го гледав ова шоу, прашувајќи се зошто не сум на таа сцена. Денес го сменив тоа. Ја искористив шансата и бев на аудиција за Америка има талент. Без разлика на резултатите, горда сум на себе што зачекорив во моите соништа, вели Ирма.

Ирма беше победничка на талент шоуто Охрид Суперстар во 2017 година, кога беше прогласена за најдобра од страна на стручното жири.