Skip to main content

Охриѓанката Весна Коцевска прогласена за најдобар травел инфлуенсер од Македонија

Охриѓанката Весна Коцевска прогласена за најдобар травел инфлуенсер од Македонија на престижниот регионален Самит за социјални медиуми во Сараево.
 |  инфодеск  |  ,

Охриѓанката Весна Коцевска, на Инстаграм позната како whisper.ves, ја доби наградата за најдобар травел инфлуенсер од Македонија на Самитот за социјални медиуми кој викендов се одржа во Сараево.

Ова не е само награда – ова е доказ дека трудот, доследноста и љубовта кон она што го правиш се исплаќаат. Вчера во Сараево, на SOCIAL MEDIA SUMMIT ја добив наградата за TRAVEL INFLUENCER од Македонија, бев избрана во ТОП 5 за регионот. Прекрасна организација и настан за кој вредеше да се пропатуваат многуте километри. Ви благодарам на сите што верувавте во мене – ова е наша ЗАЕДНИЧКА победа, напиша Весна во својата објава на Инстаграм.

Весна на својот профил изрази благодарност до организаторите на самитот, но и до својата заедница која ја следи и ја поддржува.

Изборот на добитници на овие престижни награди од секоја земја го направи хрватската агенција Hypefy, по детална анализа на содржините, растот и влијанието на инфлуенсерските профили во изминатите дванаесет месеци.