Skip to main content

Охриѓанки за 8 ми Март ќе уживаат надвор од нашата земја

Индивидуалните аранжмани за Сандански најбарана дестинација за осмомартовските празници. Охриѓанките и од помладата но и од постарата генерација, не се откажуваат од празнување на Денот на жената 8 ми Март. Тие по традиција не само што се редовни по ресторанските забави, обожуваат и да заминат надвор од државата. Изборот зависи од желбата на славеничката, а туристичките агенции од градов на листата на туристички тури своите понуди ги адаптираа на потребите на нашите сограѓани.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Охриѓанки за 8 ми март ќе уживаат во странство, претежно во земјите од регионот. Годинава денот на жената ќе се слави во среда. Традицијата на празнување се менува. Од година во година расте бројот на охриѓанки кои за празниците уживаат да патуваат на интересни туристички дестинации, вели Jаким Маленко од ТА „Вис Пој“

„Најмногу се одлучуваат за блиските дестинации, со оглед на тоа дека годинава нема многу слободни денови, нема многу простор да се отсуствува, се одбираат поблиски дестинации со помал број ноќевања. Од нашата агенција има голем број на понуди, наш директен аранжман кој е со сигурна реализација е Софија со две ноќевања, покрај тој аранжман интересни се блиските дестинации Лутраки, Солун, Банско и најголем интерес има за индивидуалните аранжмани за Сандански, имаме голем број резервации имаме за престојните празници

Добра најава за посетеност и на нашиот град, за осмомартовските празници, најавуваат од „Вис Пој“. Маленко вели дека размислувале и околу тоа, цените да ги адаптираат да бидат прифатливи.

Цените максимално се прилагодени спрема можностите, секогаш гледаме да настапиме со најдобри можни цени, меѓутоа се тоа се диктира и од нашите партнери со кои соработуваме“.

Многу резервации за посета на нашиот град имало за првомајските и велигденските празници, оркрива Маленко. Нивните очекувања се дека тој број ќе се зголеми. Додека пак ТА „Вис Пој“ оваа година за првомајските празници од сопствената програма на интересни туристички дестинации го издвојува италијанското градче Бела Пулија. Тое е сосема нова програма нивен директен производ, која претставува спој на многу убави нешта.