Skip to main content

ОИК Дебрца известува за промена на локации на гласачки места

Општинската изборна комисија Дебрца информира за промена на локациите на седум избирачки места.
 |  инфодеск  | 

Општинската изборна комисија  Дебрца известува за промена на гласачки места во пресрет на гласањето за избор на Претседател на Република Северна Македонија  на ден 24.04.2024 година и избор на Пратеници во Собрание на Република Северна Македонија кое ќе се одржи на ден 08.05.2024 година.

Локациите на Избирачките места: 1327-Сошани и Избирачко Место-1326-Оздолени се променети и гласањето за двете избирачки места ќе се спроведе во Задружниот дом во с.Оздолени.

За Избирачките места :1328 – Сливово, 1329 – Арбиново, 1330 – Мраморец, 1331 – Турје и 1334 – Лактиње, гласањето  ќе се спроведе во Црковната трпезарија во Село Лактиње.