Skip to main content

ОИК Охрид

ОИК: Гласањето во Охрид без нарушувања, излезноста до 13 часот е 23,82 %

Нема проблеми и од техничка природа, вели Предраг Васојевиќ, заменик претседател на ОИК Охрид.
 |  инфодеск  | 

Гласањето во првиот круг од претседателските избори во Охрид се одвива непречено, во мирна и демократска атмосфера. Не се регистрирани нарушувања на изборниот процес. Нема проблеми и од техничка природа, вели Предраг Васојевиќ, заменик претседател на ОИК Охрид.

„ Имаме едно барање, една жалба до ДИК за лице кое не е пронајдено на избирачкиот список. Меѓутоа оваа година со апликација ДИК го има тоа решено. Ние пополнуваме податоции прикачуваме на интернет копија од лична карта одс лицето и пуштаме на понатамошно одлучување во Дик. Во разумен рок од ДИК треба да добиеме дали се прифаќа или отфрла барањето.“ – изјави Васојевиќ, заменик претседател на ОИК Охрид.

Во главниот избирачки список за претседателските избори во Охрид се запишани вкупно 51.717 избирачи. Од нив, на вкупно 87 избирачки места во општината, до 13 часот своето право на глас го оствариле12.309 граѓани или 23,82 %.

И во Општина Дебрца гласањето се одвива непречено. На 23 гласачки места до 13 часот гласале 938 граѓани или 28,03% од вкупно запишани 3938 лица во избирачкиот список од оваа општина.

Евелина Арнаудова