Skip to main content

ОИК: Завршени се техничките подготовки за работата на Избирачките одбори

Врачени се 880 решенија на лица кои се дел од избирачките одбори. Заради повеќе причини имало 40 измени во одборите. Од  Општинската изборна комисија  ги чекаат протоколите за гласање кои треба да се почитуваат на денот на изборите на 15 јули. 

 |  Валентина Неловска  | 

 

Завршени се сите подготовки за нормално функционирање на избирачките одбори на сите гласачки места во општина Охрид , информира Климент Камнароски, претседател на ОИК. Поделени се 880 решенија на претседатели, заменици претседатели, членови и заменици на членови кои се во составот на избирачките одбори. Од претходниот состав на ИО 40 лица биле иземени и на нивно место се поставени  нови членови од страна на ДИК“ , кажува Камнароски.


„Има промени на луѓе кои се иземени од работни позиции кои заминале в пензија, се на боледување или се со хронични заболувања кои се ослободени од членови и претседатели на ИО. Тие лица се заменети и се поставени нови лица од ДИК по случаен електронски избор“, информира Камнароски.

Во врска со тоа дали има ослободување на медицинскиот персонал од изборниот процес, Камнароски вели дека тие остануваат и понатака на позициите на кои претходно биле избрани. По насоки од ДИК тоа се претседатели на ИО, заменици, членови и заменици на членовите од редовите на здравстевните работници и Јавните здравствени установи, избрани по случаен избор, посочува Камнароски, нo има промени само во одредени случаи.

„За претседатели, заменици претседатели и членови и заменици на членови на ИО кои користат мерки на влада и не одат на работа, односно работат од дома остануваат членови и заменици во ИО. Освен лицата кои лично поднеле барање за иземање заради хронично заболување со дијагноза опфатена на листата објавена на интернет страна според Министерсвото за труд и социјална политика“.

Од 1 јули започнуваат обуките на Избирачките Одбори кои ќе бидат одржани од страна на обучувачи од ДИК. Од ОИК ги очекуваат и протоколите според кои треба да се знае како ќе се спроведува гласањето на изборниот ден на 15 јули.