Skip to main content

ОК на ВМРО – ДПМНЕ Охрид има нов претседател, д-р Љубен Арнаудов

Д-р Љубен Арнаудов е новиот претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Д-р Љубен Арнаудов е новиот претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Охрид.

Така одлучи Извршниот комитет на партијата рано утринава. „Ќе стојам гордо на чело на охридскиот огранок ова партија, работејќи исклучиво во интерес на граѓаните“, истакна Арнаудов. Тој доаѓа на местото на Атанаско Михаилов кој оваа функција ја вршеше 6 години.

„Чувствувам голема одговорност да некои работи и идеи кои цел живот сум ги носел, да добијам шанса да ги реализирам во добробит на партијата, граѓаните на Охрид и целата наша татковина.

Многу изненадувачки беше, ми треба време малку да се соземам, многу честитања ,многу луѓе се јавуваа, луѓе кои тоа што го знаев и мислев го потврдуваатг со своите честитки така да ние ќе се заложиме тоа да го воспоставиме и во пракса да имаме еден добар ОК кој ќе е сервис на членовите и на граѓаните и ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните на општина Охрид“.