ОК НА ВМРО ДПМНЕ:Со кое право Заев се фали со проект на ВМРО ДПМНЕ
Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ одржа пресс конференција поради свеченото пуштање во употреба на новата автобуска станица во Охрид. Тие потсетија дека тоа е проект на ВМРО-ДПМНЕ кој отпочна изминативе години и на кој особено се горди како партија, но исто така потсетија и дека кога отпочнува проектот СДСМ и Зоран Заев бесмислено го напаѓаа и критикуваа.
Новата автобуска станица е проект на ВМРО-ДПМНЕ кој отпочна изминативе години и на кој особено сме горди како партија, бидејќи охриѓани го заслужуваат и упатуваме честитки до граѓаните. Но кога се отпочнуваше проектот СДСМ и Зоран Заев бесмислено го напаѓаа и критикуваа. Денес се тука горди што ќе сечат лента, ова беше кажано на денешната пресс конференција на ВМРО ДПМНЕ која се одржа порасди свеченото пуштање во употреба на новата автобуска станица во Охрид.
Не сме сигурни и ги прашуваме господата од СДСМ, кога повеќе им беше срам, тогаш кога критикуваа дека ќе се прави нова автобуска станица за охриѓани или денес кога се нацртани сите до еден да се сликаат и да сечат лента, заборавајќи на се она што го говореа против проектот, запраша Сашо Донев-претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Според Зоран Заев ова е уште еден проект кој ги приближува охриѓани кон европското семејство, велат од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.
Охриѓани заслужуваат да бидат дел од европското семејство, но НЕ со урбана мафија која царува низ целиот град секогаш кога СДСМ е на власт и целиот град наликува на една огромна дивоградба. Да, охриѓани заслужуваат да бидат дел од европското семејство, но НЕ со свесно блокирани проекти како автопатот Кичево-Охрид, Cв. Климентовиот универзитет, колекторскиот систем и многу други, рече Донев.
Охриѓани заслужуваат да бидат дел од европското семејство, но НЕ со криминал, со корупција, со здравство кое наликува на погребално претпријатије и со судство кое е далеку од европските норми и стандарди, потенцира претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ.