ОК ВМРО ДПМНЕ: Граѓаните во социјален ризик се излажани
Корисниците за социјална помош, постојана парична помош и невработените се излажани, упатија обвинување од ОК Вмро Дпмне до СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески на денешната прес конференција.
По објавениот јавен повик во јануари за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги граѓаните сеуште чекаат на таа мерка, истакна на прес конференција партискиот портпарол Перчо Божиноски.
„Наместо 670,00 денари месечно за секој корисник на субвенцијата тие добиваат исти сметки од Јавните претпријатија како останатите граѓани. Ова ли е односот којшто го ветуваше Георгиески за граѓаните?
Скоро половина година ќе помине, а крајот на февруари заврши повикот за субвенционирањето на трошоците за комунални услуги кој требаше да се однесува за периодот од 1 јануари заклучно со 31 декември 2019 година.
Со СДСМ и Георгиески нема напред, нема никакво покривање на трошоците за потрошена вода за пиење, за спроведување на отпад, за одведување на отпадни и атмосферски води како и за плаќање на гробна такса. СДСМ и Георгиески се’ што ветија – излажаа и тие мора што побрзо да си заминат за доброто на Охрид“, обвинува портпаролот на ОК на Вмро Дпмне.