Skip to main content

ОК ВМРО ДПМНЕ: Веднаш да се исплатат платите на вработените во охридските училишта

Наместо горди просветни работници на својата професија, има пародија на образованието и животот на вработените во охридските основни и средни училишта кои се уште не ја зеле октомвриската плата, обвини на прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

 |   | 

Наместо горди просветни работници на својата професија, има пародија на образованието и животот на вработените во охридските основни и средни училишта кои се уште не ја зеле октомвриската плата, обвини на прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски. Лицемерно е градоначалникот Стојаноски во презентираниот „Ќе отчет“ да ветува дека ќе го подобри образовниот процес, а просветните работници не можат да ја добијат нивната чесно заработена плата. Градоначалникот да објасни зошто не е испочитуван Законот за работни односи, според кој 15ти во месецот е крајниот рок да се исплати плата за претходниот месец?, бараат од ВМРО ДПМНЕ.

„Блокираната исплата е поврзана со одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на административните службеници во образованието потпишана од градоначалникот Стојаноски април годинава. Пресметките за платата која треба да се врши според Колективните договори за средно и основно образование, а не Законот за државни службеници се спроведува скоро половина година.
СОНК и ДПИ веднаш да реагираат за ненавременото исплаќање на платите. ВМРО-ДПМНЕ ја дели загриженоста и револтот со сите вработени во училиштата. Наставниците и професорите немаат друг извор за егзистенција, ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се исплатат платите.“– кажа портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.