Околу илјада жени годишно во земјава заболуваат од карцином на дојка, се почесто и млади жени
Околу илјада жени годишно во земјава заболуваат од карцином на дојка. Во последните три години во општина Охрид бројот на заболени жени од ова малигно заблување е во стагнација. Статистиката сепак покажува дека старосната граница се спушта на помладата популација, а во помал процент од овој карцином не се поштедени ни мажите.
Стагнира бројот на заболени охриѓанки од рак на дојка во последните три години, покажуваат статистичките податоци од Центарот за јавно здравје. Од вкупниот број малигни заболувања кај жените 19 проценти биле жени со карцином на дојка, во 2016 година биле евидентирани 20 проценти, додека 18,4 проценти биле забележани во 2017 година, информира д-р Слободанка Коцевска од ЦЈЗ. Во последниет години ова заболување се одржува на тоа ниво. 99 посто од заболените се жени, но од карциномот на дојка не се поштедени ни мажите иако тој процент е 1 посто, напоменува д-р Коцевска.
„Од нашите податоци може да се заклучи дека не само жените туку и мажите заболуваат од рак на дојка. Да споменам дека во 2015 имало 8 мажи. Во 2016 тројца, а во 2017 пет мина. Ги споменувам како податок да се обрне внимание дека овој тип на рак е присутен и кај мажите“, нагласува д-р Коцевска.
Во 2017 година има поместување и на возрасната група заболени од карцином. На прво место е со откриени 103 случаи е возрасната актегроија од 55 до 64 години, а тоа е приближно 39 посто од вкупнио тброј на заболени од рак на дојка. На второ место од ова заболување се жените на возраст помеѓу 65 до 74 години, а на трето место е возрасната група од 45 до 54 години. Специјалистот по радидијагностика д-р Жарко Даскалсоки укажува дека околу илјада жени годишно во земјава заболуваат од карцином на дојка. Возрасната граница за жал се почесто се спушта и заболуваат жени и на помлада возрст помеѓу 30 и 40 години. Д-р Даскалсоки препорачува самоиницијативни превентивни прегледи и за помладите жени.
„Заради темпото на живот, ризиците и начинот на живеење препорката е од млади години да се прави ехо. Тоа воопшто не е штетно, а над 40 години да се прави мамографија и почести контроли кај радиолог“, псочува д-р Даскалоски.
Од Министерството за здравство со превентивните прегледи за рано откривање на рак на дојка се опфатени жените на возраст од над 50 години.