Skip to main content

ДЗС

Во октомври во Охрид издадени 7 одобренија за градење

Во општините Струга и Дебрца не се издадени одобренија за градба во месец октомври, додека Општина Вевчани издала 3 одобренија на физички лица.
 |  инфодеск  | 
одобренија за градба

Во Охрид во октомври 2023г издадени се 7 одобренија за градење. Според податоците од Државниот завод за статистика, 5 одобренија се издадени на физички лица , а две одобренија на деловен субјект. Врз основа на одобренијата ќе бидат изградени 15 станови.

Во општините Струга и Дебрца не се издадени одобренија за градба во месец октомври, додека Општина Вевчани издала 3 одобренија на физички лица.

На ниво на државава, според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2023 година се издадени 325 одобренија за градење, што е за 12.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 187 (57.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 80 (24.6 %) за објекти од нискоградба и 58 (17.8 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 325 објекти, на 175 (53.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 150 (46.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 790 станови, со вкупна корисна површина од 71 091 м2.