Skip to main content

Охриѓани фантастични на спортска пензионерска олимпијада

Седум златни медали за охридската пензионерска екипа на спортската пензионерска олимпијада.

 |  Маленкова Татјана  | 
penzioneri Ohid
пензионери Охрид

Екипата на здружението на пензионери постигна огромене успех на Спортска пензионерска олимпијада која годинава се одржа во Скопје. На олимпијадата во организација на здружението на пензионери Ѓирче Петров од Скопје, учествуваа повеќе од 400 спортисти во машка и женсkа категорија, од 38 спортски здруженија на ниво на Македонија.  Натпреварите се одвиваа во 12 спортски дисциплини и тоа во стрелаштво, шах,  пикадо, тргање со јаже , трчање на 60 метри, фрлање на џуле , скоск од место, домино за машка категорија и табла.


„Најтешки дисциплина на оваа олимпијада беа во женска категорија двобојот во атлетика каде се трча и penzioneri Ohidфрла ѓуле и тробојот за машките каде што се скоска од место, фрла ѓуле и се трча на 80 метри“ вели Ристо Трајкоски, претседател на комисијата за спорт при Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца .

„ Нашата спортска екипа на здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, на олимпијадата учествуваше со 36 натпреварувачи во 12 дисциплини, од кои 18 беа во женска категорија и 18 во машка. Од тоа нашата екипа освои седум златни медаљи“, вели претседател на комисијата за спорт при Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца“, Ристо Трајкоски.

„Успехот кој го постигнаа охриѓани е резултат на ангажираноста, макотрпна работа, тренинзи , и желба да се постигне успех“вели претседателот на комисијата за спорт при Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.

„Вкупо земено на сите овие натпревари нашите 36 спортсисти во севкупен пласман освоија 113 бодови што е penzioneri Ohidза 30 бодови подобар резултат од второпласираната екипа на Прилеп која освои 83 и Куманово која освои трето место со 80 бодови. Големиот преоден пехар го прими нашиот претседател на извршниот одбор од страна на оранизаторите, а другиот кој е во трајна сопственост го прими претседателката на здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, Маринела јовановиќ“, додава Трајкоски.

За остварените високи резултати на олимпијадата, која се оддржа под покровителство на премиерот Никола Груески, охридските пензионери добија голем преоден пехар и еден во трајна сопственост. Еден од покровителите на нашиот тим беше и локалната самоуправа која се погрижи за унифицираниот изглед на охридските  пензионерите.

{loadposition content9}