Во пресрет на Денот на сесловенските просветители
Омаж во чест на професорот и писател Коста Фортомар
Омажот ќе се одржи во Прличевата одаја во НУ Библиотека Григор Прличев со почеток од 11 часот.
Утре, во пресрет на Денот на сесловенските просветители браќата Св .Кирил и Методиј, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи Омаж посветен на животот и творештвото на покојниот професор по Македонски јазик и писател Коста Фортомар од Охрид.
На настанот за значењето на сесловенските просветители Кирил и Методиј и за писателот Фортомар ќе зборува директорот на библиотеката Милчо Јованоски.


Извадоци од неговите дела ќе читаат ученици од Гимназијата „ Св. Климент Охридски“ под менторство на професорката Светлана Голабоска, како и внуците на писателот: Тамара Фортомароска, Софија и Виктор Милевски.
Обраќање на настанот ќе има и неговата ќерка д-р Благовесна Фортомароска – Милевска.
Омажот ќе се одржи во Прличевата одаја од 11 часот.


