Skip to main content

On-line плаќање на радиодифузна такса

Користејќи ги електронските услуги е-Радиодифузна такса, УЈП овозможи електронско плаќање и проверка на состојбите за Радиодифузна такса, од кое било место и во секое време. Регистрацијата за е-РДТ е едноставна и бесплатна, а единствено што е потребно е пристап до интернет и е-пошта.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

logoПостапката на регистрација за електронските сервиси за РДТ е бесплатна за граѓаните. Не е потребен дигитален сертификат. На физичките лица-обврзници на РДТ кои се регистрирани во системот за е-Даноци со дигитален сертификат, без дополнителна регистрација, само со дополнување на податокот за интерна шифра од МРТ во сопствениот профил, автоматски им се овозможува користењето на електронските сервиси за РДТ.

Граѓаните можат да вршат он-лајн плаќање на Радиодифузна такса преку е-Даноци https://etax.ujp.gov.mk. Електронското плаќање на Радиодифузна такса за физичките лица е овозможено со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка издадена од домашна банка. е-Радиодифузна такса овозможува и он-лајн увид во евиденцијата, преглед на платени и неплатени решенија за РДТ. На овој начин во секое време може да se провери последната состојба за радиодифузна такса.

{loadposition content9}