Skip to main content

ОО Црвен Крст Охрид го одбележа светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Денес пред споменикот на големиот хуманист Анри Динан, волонтерите од Црвениот Крст на Охрид, положија свежо цвеќе оддавајќи му посебна почит. Со таа активност отпочна и одбележувањето на 8 ми Мај Светскиот ден на Црвениот Крст и Црвената полумесечина.

 |  Николоска Биљана  | 

ОО на Црвен крст Охрид и оваа година се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото „Насекаде за секого“. Водени од основните принципи ја мобилизираме моќта на хуманоста да спасуваме животи и да го намалиме страдањето, вели Сашо Точков претседателот на охридското движење на Црвениот Крст.

„На денешен ден во 1928 година, роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположникот на движењето на Црвениот Крст, во таа чест насекаде во светот се чествува овој ден. Ние со мала пригодна свеченост каде нашите волонтери посебно денес не дружеа волонтерите од програмата Грижа за стари лица, положивме свежо цвеќе пред споменикот на Анри Динан во Црвениот Крст“.

Точков најави низа активности кои престојат неделава од денес па се до 15 мај, кои се со цел да биде промовирана идејата на Црвениот Крст, но и да се поттикнат посебно младите да волонтираат и да бидат дел од хуманитарното движење.

„Утре стартува крводарителската акција на ФТУ каде што и студентите од тој факултет и од факултетот за информатички технологии и сите граѓани кои што сакаат од 10 до 14 часот, можат да бидат на ФТУ и да даруваат крв. Во среда има отворен инфо ден во Црвен Крст, каде најмладите од предшколските установи ќе ни бидат гости и ќе се запознаат на многу интересен, интерактивен и креативен начин со она што Црвениот Крст го работи и како можат можат да постанат волонтери“ – вели Точков.


Традицијата продолжува и годинава. За сите новороденчиња кои ќе бидат родени од 8 до 15 мај на гинеколошкото одделение при општа болница Охрид Црвениот Крст има подготвено пригодни подароци, не само за бебињата туку и за мајките, пренесува Точков. Исто така во тек е ликовниот и литературен конкурс „Хуманоста на дело“ кој ќе трае до 19 мај, а на кој може секој да учествува со творба или слика, потсетува Точков. Секако и за оваа активност ОО на Црвениот Крст Охрид има обезбедено соодветни награди.