Skip to main content

ОО на СДСM: Кај поранешната библиотека не се гради според закон

ОО на СДСM: Кај поранешната библиотека не се гради според закон.

 |  Валентина Неловска  | 
sdsm
sdsm

Охридските социјалдемократи се огласија со прес конференција на која укажуваат на одредени состојби во работењето на Локалната самоуправа.
Прашуваат  што се гради на местото кај поранешна градска библиотека? При тоа укажуваат дека доколку нешто гради Локланата самоуправа таа не ги почитувала законските прописи, посочи портпаролот Александар Кузески.

„ Член 83 од Законот за градење вели дека изведувачот е должен градилиштето да го загради заради спречување на неконтролиран пристап во градилиштето со соодветна ограда на начин што работата во градилиштето нема да ги загрози минувачите. Исто така градилиштето мора да биде означено со информативна табла која задолжително  треба да содржи име, односно назив на учесниците во изградбата, назив и вид на градбата  која се гради, надлежниот орган кој издава одобрение за градба, број и датум на издаденото одобрение за градење, како и назнаката дека се работи за заштитено недвижно културно наследство согласно со закон, ако таа градба е запишана во Националниот регистар на културно наследство“.
sportska sala
Социјалдемократите исто така се осврнаа и на информацијата дека спортската сала во Велгошти е во целосна употерба. Напоменуваат дека спортската сала за прв пат проработи на 10 декември оваа година. Кузески потсети на фактите поврзани со нејзиното градење во 2002 година, реконстрикцијата  и на тоа дека била пуштана во употреба од властите дури 4 пати.


„ Спортската сала во Велгошти, по цели 11 години од нејзиното прво официјално отворање, односно по цели 5 месеци од нејзиното последно, четврто, свечено пуштање во употреба од страна на градските власти, за прв пат беше ставена во функција на 10.12.2013 година, за потребите на фискултурното воспитување на учениците од училиштето.

Ние им го честитаме на учениците и на наставниците вистинскиот почеток на работењето на спортската сала и им посакуваме постигнување на значајни спортски и рекреативни резултати, велат од СДСМ. Се надеваат  дека наскоро салата ќе биде затоплена на задоволително ниво, за да не мрзнат децата заедно со наставниците, додека се одржуваат часовите по физичко.

{loadposition content9}