ОО СДСМ: Бараме одговорност за бетонските градби на Плаошник
ОО СДСМ: Бараме одговорност за бетонските градби на Плаошник.
Извештаите на Унеско ги потврдиле стравувањата на СДСМ за несоодветните градби на Плаошник. Алармот кој го упатуваше ОО на СДСМ дека бројот на градбите и нивната големина го загрозуваат културното, природното и историското наследство на Плаошник, не допре до надлежните институции на локално и државно ниво. Поразително е што странци требаше да укажат на сериозноста на проблемот со бетонските градби се атак на културното и историското наследство, рече на денешната прес конференција претседателот на општинската СДСМ, Томислав Тунтев. Ние како советничка група реагиравме власта да го спречи тоа што се уништува на Плаошник. На почетокот од 2014 по посетат на стручната комија од Унеско се обидовме да делуваме на институциите и изворно да бидеме информирана што се случува на Плаошник, но бевме одбиени, рече Тунтев.
„Јавно побаравме да ни биде презентиран извештајот од Унеско. Надлежните тврдеа дека извештај не постои и ја нападнаа опозицијата дека е нестручна и некомпететна. Сега се испостави дека извештај постои со сите дадени забелешки. Потоа тврдеа дека и да има извештај од Унеско не може да биде негативен извештајот. Сега според стручните препораки во извештајот испадна тоа што се гради на Плаошник може да има сериозни негативни влијанија врз локалитетот и дека е непоходна серизона ревизија на проектот со несоодветно изградените мегаломански и чудовишни зданија“, потенцира Тунтев.
Ние сакаме да веруваме дека конечно одговорните лица во надлежните институции во државава ќе се вразумат, дека ќе ги преземат сите неопходни мерки и активности во согласност со препораките на УНЕСКО и дека конечно ќе престане загрозувањето и уништувањето на нашето природно, културно и историско наследство на Плаошник, кажа Тунтев.
„Се надеваме дека ќе биде лоцирана и конкретна одговорност за настанатите грешки и пропусти, и дека јавноста ќе биде информирана кој ќе сноси одговорност. Не смееме повеќе да дојдеме во ситуација туѓинци да не учат и ни кажуваат како треба да се грижиме за нашето вековно природно, културно и историско наследство, затоа што тоа е завет до нас од нашите предци и залог за идните генерации“, порача Тунтев.
Тунтев напомена дека е добро тоа што на Плошник е стопирано градењето и со тоа донекаде ќе се ублажат последиците по тој локалитет. СДСМ и понатаму внимателно ќе ги следи состојбите на Плаошник и ќе се залага доследно почитување на вековните духовни и световни традиционални вредности, потенцира Тунтев.
{loadposition content9}