Под мотото „Подари СРЕЌА, за среќна НОВА”, родителите во соработка со училиштето спроведоа заедничко декорирање и украсување на централниот објект и на подрачното училиште во Рача.
Училиштето наликува на вистинска празнична бајка благодарение на иницијативата на Советот на родители и успешната соработка на Советот со раководството на училиштето и наставничкиот кадар и ангажираноста на родителите. И сето тоа како подарок за поубава и посреќна НОВА година на децата, на кои училиштето им е втор дом.
Сакаме ваквиот наш ангажман да премине во традиција подарувајќи среќа токму на нашите најмили. Да ја разбудиме свеста за убаво, хумано и креативно и кај децата и возрасните. Оваа наша соработка и активност нека биде поттик и пример и за другите училишта, а најважно кој дели среќа таа се множи за сите нека биде нашето мото – велат од Советот на родители.
Најавуваат и Новогодишен Базар со хуманитарна цел во вид на хепенинг, планиран токму пред Новата година.