Во ПУ ,,Кочо Рацин” – с. Д. Лакочереј се спроведува проектот ,,Училиште без пластика”. За оваа цел спроведена е собирна акција на пластични шишиња во која беа вклучени сите ученици од училиштето.
Вчера собраните пластични шишиња беа однесени во повратните вендинг машини на Пакомак и беа освоени зелени поени.
– Целта на проектот е создавање одржлив систем за селектирање пластика, метал и ситен електронски отпад. Бројот на освоени зелени поени докажува дека сме допреле до свеста на учениците, кои сега се залагаат за создавање одржлив систем преку селекција на отпадот, информираат од ООУ “Кочо Рацин”- Охрид.
