ООУ “Св. Наум Охридски” од Пештани го одбележа патрониот празник
ООУ “Св. Наум Охридски” од Пештани во свечена и празнична атмосфера го одбележа Патрониот празник.
На брегот на ова Свето Езеро каде времето се мери со милениуми, испишавме уште една импресивна и инспиративна приказна во чест на нашиот Патрон Свети Наум Охридски Чудотворец, истакна во свеченото слово за просветителот и исцелител Свети Наум, директорката на училиштето, професор Валентина Рубаноска, потенцирајќи дека Свети Наум не бил само учител – бил патеводител, не бил само монах – бил градител и хуманист.


Во духот на знаењето, традицијата и мудроста под мотото УБАВИНО, НАСМЕВНИ СЕ, учениците од предметна и одделенска настава подготвија свечен музичко сценски перформанс, блескајќи на сцената со талент, дисциплина и емоција.









Чествувањата продолжија со Новогодишен базар на детска креативност и празнична магија од рачно изработени новогодишни украси со многу љубов и детска насмевка која инспирира подарок.
Одлично реализираниот проект не потсети на силата на знаењето, македонската традиција и духовната величина на нашиот Патрон, заштитник и закрилник потенцира директорката на училиштето, истакнувајќи ги деновите исполнети со гордост, заедништво и фантастична приказна со импресивен наслов ” Убавино, насмевни се!”, кои долго ќе се раскажуваат.



