Skip to main content

Опаѓа интересот кај охриѓани за купување станови

Од година во година опаѓа интересот кај охриѓани за купување на недвижности. Според агентите за продажба на недвижности, тоа се должи на слабата куповна моќ на граѓаните. Додека пак големите градежните компании тврдат дека постои голема побарувачка на недвижнини посебно во Скопје, Охрид, Битола и Струмица.

 |  Николоска Биљана  | 
stanovi
станови

 

stanoviГолемите градежни компании не очекуваат пад на цената на становите. Инвеститорите во моментов се задоволни од продажбата на недвижнини. Како што за ТВМ телевизија истакна Драгана Чифлиганец, извршниот директор на реномираната македонска градежна компанија Адора Инженеринг, во Македонија имало голема побарувачка на станови посебно во Скопје. Како показател за тоа, таа посочи дека само минатата година продале 303 станови а компанијата ја посетиле над 2000 заинтересирани граѓани. Чифлиганец кажа дека задоволни биле и од продажбата на станови во Охрид.

„Во Охрид во Билјанини Извори продажбата е на  добро ниво, останаа уште неколку станови од целиот објекто во рок од две години, што за Охрид бидејќи пазарот е специфичен имаме странци“ – вели Чифлиганец.

stanoviВо однос на цената на становите, Чифлиганец смета дека во моментов таа е најповолна. Според неа не се очекува пад на цените на становите туку може да дојде само до зголемување на истата. Дијаметрално спротивен е ставот на охридските агенции за недвижности. Агентот за недвижности од ЕНХЕЛЕЈА Александар Трајкоски, вели дека тешко оди продажбата на недвижности и како агенција едвај врзувале крај со крај.

„Продажбава како е тргната годинава 2015 е релативно лоша, да не речам катастрофална. Таргет групи кои можат да купат недвижност во Охрид се луѓе кои имаат големи компании, финансиска моќ и нашиве иселеници од дијаспората. Купавната моќ на охриѓани е релативно ниска затоа што ние немаме стопанство и луѓето некако немаат пари за недвижност. Последниве три години на охриѓани му имам продадени само два стана“. – изјави Трајкоски.
 
stanoviТој информира дека недвижностите во централното градско подрачје се движат од 900 – 1200 евра по метар квадратен, стамбени згради Билјанини Извори  од 600-800 евра, Влашкаа маала, населба „Христо Узунов“, од  600 – 750 евра, само во старото градско јадро цените биле специфични и се движеле од 800 – 1300 евра по метар квадратен во зависност од градбата и местоположбата.
Последните податоци пак од Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека за решавање на проблемот со домувањето охриѓани се повеќе се задолжуваат кај банките со станбени кредити. Како гаранција за редовно отплаќање на кредит од банка граѓаните ставаат станови и друг имот под залог. Охрид по бројот на станови дадени под хипотека е трет град во државава. Пред Охрид се само Скопје и Битола. Според податоците од агенцијата за катастар на недвижности во Охрид има 3 650 станови под хипотека. Покрај тоа во Охрид и во Скопје има најголем пораст на бројот на станови дадени под хипотека споредено со минатата година. Во Охрид до септември 2014 годиниа под залог биле 3 271 стан. Оваа бројка до денес пораснала за безмалку 400 нови заложени станови.

{loadposition content9}