Опасен конак
Ѕидот на конакот на црквата Света Богородица Перивлепта секој момент може да се сруши
Опасност ги демне учениците и минувачите кои влегуваат низ портата на црквата Света Богородица Перивлепта. Западната страна од ѕидот на конакот кој се наоѓа во дворот на црквата за 40сетина сантиметри е поместена од лежиштето, а на самиот ѕид има голема пукнатина. Секој момент истиот може да се сруши. Благоја Чочегов, жител од овој дел на градот вели дека тука секојдневно поминуваат голем дел од учениците кои учат во Основното училиште Св. Климент Охридски, а и туристите кои ја посетуваат црквата многупати се потпираат на опасниот ѕид без да знаат што може да им се случи.
Чочегов вели дека за овој проблем бил известен малскиот поп и секретарот на Дебарско- кичевската митрополија. Се обиделе да стапат во контакт и со директорката на Завод и музеј. Досега никој ништо нема превземено. Чочегов прашува дали и кога некој ќе го санира овој проблем.
Директорката на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска објаснува дека од грантот од 600 000 американски долари кој на Заводот му беше доделен од американската амбасада пред неколку години, издвоени се средсва и за санација на конакот. Од почетокот на јуни интензивно ќе се работи и на него. Дотогаш ќе биде поставена заштитна мрежа за да не дојде до несакани последици.
{loadposition content9}