Skip to main content

Опасна раскрсницата во близина на ОУ„ Христо Узунов“

Опасна  раскрсницата во близина на ОУ„ Христо Узунов“.

 |  Валентина Неловска  | 
semafor
semafor

Сообраќајната раскрсница на улиците Питу Гули и Марко Нестороски, во близина на основното училиште Христо Узунов, е опасна по безбедноста на пешаците. Подолго време семафорите кои се поставени на улицата не се во функција и сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација. Учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Понекогаш возилата застануваат за да поминеме, а понекогаш не, раскажуваат децата.
semafor
Од Локалната самоуправа велат дека се свесни за сообраќајниот проблем и нефункционирањето на светлосната сигнализација. Ветуваат наскоро решение за сообраќајниот проблем кој е опасност за учесниците во сообраќајот.

„ За таа раскрсница веднаш по Нова година екипи на секторот за сообраќај, улици и патишта ќе пристапат кон санација на семафорите и светлосната сигнализација. На таа крстосница  во јануари семафорите ќе бидат пуштени во употреба со што ќе се олесни движењето на возилата и пешаците.“

 Покрај оваа санација Џамтоски укажува и на изготвената програма за инфраструктруни зафати со кои ќе бидат асфлтирани и поправени скоро сите улици низ градот. Во тек е изработка и на долго очекуваната сообраќајна студија со која ќе се регулира на подолг рок сообраќајот во градот. Оваа програма ќе биде ставена на усвојување пред советниците на наредната седница во понеделник.

{loadposition content9}