Опасни по живот оштетени електрични столбови
Опасни по живот оштетените електрични столбови на магистралниот патен правец од Охрид што води кон Република Албанија.
Опасни по живот оштетените електрични столбови на магистралниот патен правец од Охрид што води кон Република Албанија. Најголем број од оштетени столбови се на коловозната лента која води кон Охрид, пред населбата Рача. Впечатокот е дека за електричните столбови поставени во октомври 2008 година, за време на одржувањето на Нато самитото чиј домаќин беше Охрид, не се грижи никој.
Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ задолжени за одржувањето на овој патен правец информираат дека досега не добиле нити еден налог од Агенцијата за државни патишта за замена на оштетните столбови. Кратко напоменуваат дека паднатите столбови се опасни за безбедност на сообраќајот на овој правец.
Поставувањето на електричниет столбови и осветлувањето на овој потег своевремено беше пропратено со обвинувања дека светилките се несоодветно поставени. Наместо во средината на зелениот појас тие се поставија странично, а и без технички прием. Четири години потоа елетричните столбови кои најчесто страдаат од возилата се препуштени на пропаѓање , а дел од од нив в долж патот до тунелот во Св. Стефан, и не светат.
За да се реши овој не така едноставен проблем интервенирале и од Локалната самоуправа под чија надлежност не е одржувањето на овој магистрален пат. Во неколку наврати побарале од Агенцијата за државни патишта санација на оштетните електрични столбови, но досега нема резултат од обидите, информира портпаролот на општината, Симон Илиески.
Останавме без одговор на неколку прашања поврзани со осветлувањето на овој патен правец од портпаролите на Агенцијата за државни патишта и од ЕВН заради денешниот неработен ден. Сакавме да дознаеме дали во програмата на Агенцијата за државни прашања е предвидeно санирање на оштетeните столбови и зошто не функционира осветлувањето на поголемиот дел од патниот правец. На овие прашања одговор од наделжните институции ќе се обидеме да добиеме во текот на утрешниот ден.
{loadposition content9}