Опасни шахти во Охрид
На улиците „Марко Цепенков“ и „Јане Сандански“, лоцирани се незаштитени шахти кои преттавуваат опасност за пешаците.
На улиците „Марко Цепенков“ и „Јане Сандански“, лоцирани се незаштитени шахти кои преттавуваат опасност за пешаците.
Првата е лоцирана на улицата „Марко Цепенков“ и веќе извесен период е без заштитен капак. Граѓаните реагираат стравувајќи за својата безбедност посебно во вечерните часови.
Втората шахта е лоцирана на пресекот на улиците „Јане Сандански“ и „Партизанска“, поточно во близина на „Комерцијална банка“ и е посебно опасна бидејќи иако има заштитен капак, истиот е со неисправен механизам, па така шахтата делува дека е затворена.
Да се надеваме дека надлежните навремено ќе реагираат во отстранување на овој сериозен комунален проблем.
{loadposition content9}