Опасни шахти на ул „Железничка“
По охридските улици се почесто се среќаваат опасни шахти. Таков е примерот со ул „Железничка“. Таму со месеци стојат пропаднати шахти, а најверојатно жителите на овој потег со дрвена палета и цигла се обиделе да ги покријат, за да укажат од опасност, на учесниците во сообраќајот.
Опасни шахти на ул „Железничка“. Поголемиот број од ревизорните шахти се пропаднати односно дел од коловозот околу нив, а некои од нив се целосно уништени. Безбедноста на улицата е на лошо ниво поради тоа што шахтите се наквалитетно изработени, со месеци никој не ја санира состојбата иако тие го загрозуваат сообраќајот како и учесниците во него, реагираат мештаните од оваа улица.
„Ете можевме да посведочиме каков е звукот кога кола ќе помине преку шахтата. Значи во ноќните часови не може да се спие, не од самата бучава не од возилата туку од ударот на шахтата. Откога е наравена улицата шахтите се постојано дефект или се премногу издигнати или е направена дупка се случило капакот да излета од улица па постои опасност да повреди пешак или кој било друг“.
Некој од жителите на тој потег поставил импровизирана сигнализација, односно палета и цигла како и знак за опасност. Но тоа не е решение, бидејќи со тоа само се затвора коловозната лента на тоа место. Опасност ги демне и пешаците на тротоарот, каде неколки години зјае отворена шахта длабока околу 2 метри.
Од Агенцијата за патишта, секција Охрид, Јован Митрески појасни дека досега на оваа улица немале интервенирано бидејќи немале ингренции. Тој рече дека од нивна страна делувале само превентивно со поставување сообраќајна сигнализација таму каде што има потреба и не упати одговор да побараме во одделението за сообраќај при Локалната самоуправа.
А од Локалната самоуправа со ветување дека уште утре ќе излезат на терен за да ја увидат состојбата со проблематичните шахти.
„Акцептирани се тие проблеми кои се јавуваат на оваа сообраќајница со неколку канализациони шахти. Уште утре од секторот за сообраќај на општина Охрид ќе излезат екипи за да направат увид на лице место за колкав број на шахти се работи кои се проблематични и во текот на наредната недела екипи на ЈП „Нискоградба“ ќе ги санираат овие проблеми односно ќе ги доведат шахтите во положба која ќе овозможи непречено одвивање на сообраќајот на оваа сообраќајница“.
Џамтоски упати апел до охриѓани, да се обратат до нив за сите проблемит што ги тиштат, со цел Лолалната да може да реагира во најбрз можен рок.
{loadposition content9}