Skip to main content

Екологија

Опасност од излевање на Коселска

Надојдените речни води донесоа отпад за кој орманци бараа да се исчисти пред месец и половина. Денес, од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици не добивме одговор зошто се доцни и кога ќе се исчисти ова речно корито.
 |  Валентина Неловска  | 

Коритото на Коселска река остана неисчистено. Есенските врнежи пристигнаа, а со тоа расте и грижата на жителите од Орман од неисчитеното корито и неажурноста на надлежните. Нема конкретна акција на нивниот апел да се исчисти коритотo од зелен отпад и вегетација, упатен пред месец и половина. Надојдените води од обилните врнежи кои паѓаат деновиве во охридско се закануваат да го затворат протокот на реката кај мостот во Орман. Жителите стравуваат дека може да дојде до излевање на реката чие корито не е исчистено повеќе од една деценија. Не посакуваат да им се повторат поплавите од пред десетина години кога под вода им беа домовиите и засеаните земјоделски површини.

Пред десетина години се исчистија 700 -800 метри, но тоа не беше доволно. Со години од месните заеднци од Орман, Воска и Долно Лакочереј поднесуваме барања до Локалната самоуправа, министерството за земјоделие и ЦУК, да се чисти реката на потег од устието до селото Косел на неколку години. Не само заради несовесните жители кои туку и зарди природното зарастување со вегетација“, кажува Ванчо Стојаноски.

Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици не беа достапни за одговор дали и кога ќе преземат чистење на овој дел од Коселска река. Пред месец и половина , пак добивме писмен одговор дека е предвидено до крајот на октомври да завршат активностите за целосно чистење на речните корита и канали на територијата на Општина Охрид согласно Годишната програма за работа. Денес, од Секторот не добивме одговор зошто се доцни и кога ќе се исчисти ова речно корито.
Од ЈП Охридски комуналец, не информираа дека од општината немаат налог за чистење на овој потег. Во изминатите денови нивните екипи работеле на чистење на каналите Рача и Сушица од Велгошти до мостот кај Езерка, потоа на каналот покрај улиците Прилепска и Петрино, во вкупна должина од 1,1 км.