Skip to main content

Опасност од пожари

Претстојниот летен период со високи атмосферски температури, релативно ниската влажност на воздухот и сушењето на тревната вегатација ги зголемува ризиците и опасностите од шумски пожари. Екипите на НП „Галичица“ се во прва фаза на мобилност.

 |  Николоска Биљана  | 
galicica
галичица

galicicaОдговорно однесување на граѓаните кои го посетуваат НП „Галичица“, предупредуваат надлежните од паркот. Поради високите температури но и според Законот за шуми никогаш не е на одмет да се нагласи дека, забрането е палење на оган на отворен простор но и секакви дејствија и активности кои можат да доведат до појава на пожар, апелира Наумче Новески, одговорниот за заштита од пожари.

„Овој период ние сме во фаза еден, еден тоа е највисоката фаза што значи еден опасност за појава на пожари и прва категорија на мобилност, што значи дека лесно може да се појават пожари а од друга страна ние сме мобилни. Она што ние го правиме со оглед на фактот дека превентивата е најдобра заштита од појава на пожари и спречување на таа појава, нашата служба е 24 часа активно но и сите кои влегуваат во паркот ако нешто приметат да се јават на 195 и 195 .

galicicaНовески нагласува дека имаат одлична соработка со територијалната единица на противпожарната служба од Охрид, и не постои никаква пречка во истата, бидејќи секој си ја знае својата работа.

 „Сега имаме мали промени на Законот за гаснење на пожари на отворен простор, но самиот факт дека некогаш формалност ни е правилникот за излегување при појава на пожар битно но ни е и нас и нив да се згасни пожарот значи да ги избегнеме некои формалности во секој случај во 90 % кога имаме и мали интервенции тие се први на местото после се екипираме и се ставаме во нивна служба

Во моментов засилено е присуството на ренџерите во паркот. Посебно биле набљудувани критичните позиции од територијата на паркот, кои не можат да се видат од градот и од обичните места. Новески вели дека доколку продолжат високите температури уште една недела горе на Галичица сувата вегетација ќе биде запаллива исто како нафта и поради тоа многу значајно е луѓето посовесно да се однесуваат, бидејќи човечкиот фактор е најчестиот причинител на пожари на отворено.

{loadposition content9}