ОПМ: Читајте ги декларациите на производите не гледајте само слики
Од организацијата на потрошувачи предупредуваат купувачите да ги читат декларациите на прехранбените производи. Укажуваат на состојби со поставување на лажни слики како трикови кои се користат за означување на храната во трговијата. На производите се ставаат слики кои не се соодветни за содржината во прехранбените артикли.
Читајте ги декларициите на прехранбените производи кои ги купувате, советуваат од организацијата на потрошувачи на Македонија. Ова доаѓа по истражувањата на Европската организација на потрошувачи направени во повеќе европски земји.Со истражувањата се откриени ознаки со кои производителите најчесто ги користат при рекламирање за да ги продаваат храната и пијалоците. Се користат етикети со кои преку прикривање на вистинскиот квалитет на производите потрошувачите се доведуваат во заблуда. Од ова исклучок не е и македонскиот пазар каде што има состојби каде што постојат лажни слики. Потрошувачите лесно ќе откријат ако прочитаат колкав е процентот на овошјето кое го има на етикетите во овошниот сок. Да не се гледаат само сликите на производот, предупредува Маријана Лончар претседател на ОПМ.
„ Да се согледа дали е навистина е природно или не е природно, каква е состојбата и слично. Заради тоа што има доста такви измамнички тврдења. Како кај детските производи каде што се користат маскоти со кои индиректно ги повикуваат децата да конзумираат храна која има маснотии или шеќери“, укажува Лончар.
Потрошувачите може да ги пријавуваат лажните информации во Опм и Агенцијата за храна и ветеринарство за да се корегираат етикетите ако станува збор за измама на суптилен начин, напоменува Лончар.
„ Ние треба да се обидеме да ја поттикнеме свеста кај потрошувачите. Се неможе да се реши со инспекциските органи и кај производителите за нивните тврдења да се вистинити. Ако на амбалажата има овошје, а во овошниот сок нема овошје тогаш е нешто лажно означено“, напоменува Лончар.
ОПМ и АХВ работат во интерес на купувачите во континуитет. Ги повикуваат потрошувачите да ги пријават нивните забелешки доколку забележат висок процент на шеќер, сол и масноти во производите кои ги купуваат во трговија.