Skip to main content

свр охрид

Опожарено возило на улицата „Париска комуна“ во Охрид

 На 5-ти јануари 2025 година, во 21:30 часот во СВР Охрид, 50-годишна жена од Охрид пријавила дека пред нејзиниот дом на улицата „Париска комуна“ во Охрид било опожарено нејзиното патничко возило „БМВ х3“ со охридски регистарски ознаки.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

– Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител возилото било однесено во кругот на СВР Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.