Skip to main content

Oпозицијата предлага повеќе пари за развој на спортот во Охрид и поддршка на НВО „Опција“ во буџетот за 2017

Oпозицијата предлага повеќе пари за развој на спортот  во Охрид и поддршка на НВО „Опција“ во буџетот за 2017 .

 |  Валентина Неловска  | 

Советот на општина Охрид  ја одржа 65 седница. Советниците од позицијата за 2017 година усвоија 27 точки со предлог одлуки за нацрт развојни програми од бројни општествени  сфери, а 38 точки се донесоа од областа на  урбанизмот.  Советниците од опозицијата по денешните точки на дневен ред гласаа воздржано или пак се изјаснаа против. Јован Стојаноски, координатор на советничката група од СДСМ кажа дека се сведоци на безидејна нацрт програма  за буџетот во 2017 година. Нема ништо ново и развојно за градот и еден обичен список на желби , истакна Стојаноски.

„Се гледа од сега во нацрт буџетот, комплетно овој буџет не е развоен за градот. Нема идеи како да се  зајакне приходната страна, а со зајакнување на приходната страна  ќе значи и враќање на долговите кои општината ги има 20 години ,а  се разбира и генерирање на нови приходи , нови работни места  и слично“, кажа Стојаноски.

Гордана Коњаноска, претседател на Советот, подвлекува  дека носењето на буџетот предизвикува интерес и во советот и кај  јавноста. Тоа е прв чекор во конкретизирање на одредени програми кои треба да се финансираат со буџетот,  посочи претседателката. Коњаноска ја повика охридската јавност да се вклучи во јавна расправа на повикот кој ќе се објави утре на општинската веб страна.


„Јавноста да учествува со свои заблешки и да даде подобрување на она што во моментот локалната самоуправа го лоцира како приоритет. Затоа што буџетот во сите локални сампоупрви во светот никогаш немаат можност да ги задоволат сите потреби  и проекти кои се реална потреба  на граѓаните туку ги бираат по приоритет“,истакна Коњаноска.

Позицијата усвои бројни предлог одлуки за нацрт програми, како и утврдување на урбанистичка планска документација за 2017 година. Само предлог одлуките за програмите за спорт и социјална заштита предизвикаа советничка деба. Опозицијата предлага зголемување на буџетот за развој на спортот  во Охрид и поддршка на НВО „Опција“.