Skip to main content

Општа болница Охрид: Кај починатата родилка дојде до компликации од основната болест

Од охридската Општа болница денеска се огласија со соопштение во врска со починатата 29-годишна родилка која по породувањето со „царски рез“ во охридската болница, во петокот почина на скопските клиники.

 |   | 

Од охридската Општа болница денеска се огласија со соопштение во врска со починатата 29-годишна родилка која по породувањето со „царски рез“ во охридската болница, во петокот почина на скопските клиники.  Од општа болница Охрид објаснувајќи го текот на настаните откако жената била примена во Гинеколошкото одделение наведуваат дека пациентката првородка била примена на  11 ти јуни. во 4:00 со прснат воденик во термин за породување.
Објаснуваат дека пациентката имала хронична системска болест LUPUS и од детска возраст била со имуносупресивна терапија.

„ Направен е итен царски рез, добиен е жив женски плод 2130/46 во добра состојба. Оперативен и ран постоперативен тек уреден. Петтиот постоперативен ден, поради влошување на општата состојба на пациентката и поради очекувани компликации од основната болест, конзилијарно е одлучено пациентката да се препрати во терциерна установа GAK-Скопје за понатамошен третман.“ информираат од охридската болница.

Додаваат дека во текот на престојот на Гениколошкото одделение во Охрид земен бил брис од рана од родилката и истиот бил стерилен (резултат добиен од Центар за јавно здравје Охрид). Следниот ден била направена и (мултидисциплинарна) ревизија на клиника во Скопје и било констатирано дека е исклучена гинеколошка компликација, пвелат од охридската болница.  Новороденото се наоѓа во одделението при охридската болница и е здраво и во добра општа состојба. Од болницата изразуваат длабоко сочуство до семејството за изгубениот млад живот, додавајќи дека екипата на охридското гениколошко одделение вложила максимални напори, се било направено брзо и протоколарно, а пациентката била благовремено испратена во терциерна установа.