Општина Охрид час поскоро треба да формира младински совет на што е обврзана со Закон
Општина Охрид час поскоро треба да формира младински совет на што е обврзана со Законот за младинско учество и младински политики. Општината ги проби законските рокови по низа обврски од законот. Тоа можеби се должи на пандемијата . велат младински кативисти , но проблематиката е посебно сензитивна и општината мора да покаже поголема посветеност.
Општина Охрид ги проби роковите од Законот за младинско учество и младински политики. Законот стапи на сила во јануари 2020 а до денес општината требаше да формира локален младински совет, да определи службеник за млади и да формира канцеларија за млади. Град кој важи за неславен рекордер во ислелување токму на помладата популација треба да покаже поголема посветеност кон зајакнување на учеството на младите во процесите на креирање на политики и поттикнување на личен, професионален и социјален развој кај младите, сметаат младински активисти. Треба час поскоро да се формира локален младински совет во Охрид кој е советодавно тело на Градоначалникот и има право да предлага точки на дневен ред на Советот кои ги засегаат младите, вели Вахид Мемед Претседател на „Инклузија“
„Пробивањето на роковите можеби е поради пандемијата , ситуацијата со Ковид 19, меѓутоа тоа не треба да биде оправдување затоа што ова е многу важна тематика и проблематика која посебно Општина Охрид треба да ја третира затоа што имаме проблем со младинскат политика и затоа што младите треба да бидат гласот и да бидат слушнати внатре во институциите. Она што сега ни треба под итно е младинскиот совет. Она што го имам како информација е дека започнати се некои активности од страна на општината како промена на Статут, треба да следува објава на повик и да се избираат членовите од политичките подмладоци и младинските организации. “ – вели Вахид Мемед – Претседател на НВО „Инклузија“.
Законот треба да донесе поголема вклученост на младите во носењето одлуки преку Национално собрание на млади, локални младински совети и собранија и повеќе сервиси за младите. Целта на законот е да обезбеди креирање и спроведување на политика на млади на сите нивоа, преку повеќе секторски пристап. Владата и општините се обврзани да донесат стратегии за млади со посебни акциски планови.
„ Локалниот младински совет е првиот механизам каде што младите дирекно ќе можат да се вклучат, односно, младите ќе бидат гласот а не ехото во заедницата во Општина Охрид. Затоа е многу важно да се формира тој совет и ние како органиозација затоа се бориме како членка на националниот младински совет на Македонија. Затоа што имаме низа на проблеми од аспект на младинска политика , тука е иселувањето на младите, невработеноста и генерално младинската политика во Охрид. Немаме стратегија за млади, она што се стремиме да имаме буџет за млади, канцеларија, меѓутоа сега се некои следни чекори. “ – вели Мемед.
Во12 градови во државава веќе се формирани младински совети. Во рок од пет години треба да започне со функционирање најмалку еден младински центар на територијата на секоја општина.