Skip to main content

Општина Охрид до крајот на годинава ќе го реши проблемот со напуштените кучиња

Општина Охрид до крајот на годинава ќе го реши проблемот со напуштените кучиња. Педесет кучиња скитници ќе бидат тргнати од охридските паркови, улици и плоштади и ќе добијат хуман третман. Згрижувачкиот центар ќе се наоѓа на Мауцкер, а за неговото функционирање ќе се грижи ЈП Охридски комуналец. 

 |  Валентина Неловска  | 

Општина Охрид до крајот на годинава ќе го реши проблемот со бездомните кучиња. Станува збор за мошне ургентен проблем кој локалната сериозно се зафати да го реши со организирање на прифатен центар на Мауцкер. 50-тина бездомни кучиња таму ќе добиваат хуман третман , информира заменик градоначалникот Константин Георгиески.


„ Во соработка со Комуналец изработивме обемен проект. Со компании од градот кои донираа средства се изработени кафези. ЈП Охридски комуналец пристапи кон организирање на шинтерската служба. Набавени се возила за заловување. Тендерот за ветеринарни услуги е распишан и наскоро треба да заврши. Лицата кои ќе бидат избрани ќе добијат сертификати од ветеринарниот факултет“, посочува Георгиески.

За функционирање на згрижувачкиот центар ќе бидат искористени средства со ребаланс на општинскиот буџет. До крајот на ова година ќе бидат искористени 500.000 денари за оваа намена. Финансирањето на згрижувачкиот центар ќе биде дефиниран со програмите за следната година.

„ Има проекции. Дел ќе се имплементираат во Нацрт прогармата . Дел ќе се на товар на ЈП Охридски комуналец. Како општина ќе го субвенцинираме, но повеќе информации ќе имаме кога ќе ги носиме програмите за 2019. Ние како локална самоуправа покажавме дека не бегаме од горливите проблеми.Се зафативме со работи кои не се видливи за за граѓаните, но беа од големо занчење за работата на ЈП и општините. Така ги анамливме долговиет на некои ЈП и блокираната жиро сметка на основно училиште Григор Прличев. За 11 месеци успеавме за 105 милиони денари да го намалиме долгот на општината“ , напомена Георгиески.

Со финансиската инјекција од Владата за задолжените општини, охридската локална власт планира исполнување и на други проекти кои се од интерес на граѓаните, кажа заменик градоначалникот.
На денешната седница , охридските советници усвоија бројни нацрт програми од сите сфери на општественото живеење. Граѓаните во следниот период пред донесување на буџетот за 2019 година на јавни расправи ќе може да бараат развојни проекти кои ќе го подобрат општественото живеење во Охрид. Охриѓани од советниците кои ги избрале во градскиот совет ќе може подетално да се информираат каде и колку од нивните пари од даноци ќе се инвестираат во решавање на комуналните, образовните, здравствените, еколоши, инфраструктурните и останатите потреби.