Skip to main content

Општина Охрид го одбележува 11 -ти Октомври Денот на македонското народно востание

Општина Охрид го одбележува 11 -ти Октомври Денот на македонското народно востание

 |  Валентина Неловска  | 

Охрид го одбележа 11 -ти Октомври и 75 годишнината од почетокот на  македонското народно востание. Во големата сала на општината се одржа свечена академија на која беа присутни голем број граѓани , членови на Сојузот на борци од НОАВМ и нивните следбеници, и претставници на локалната самоуправа.  Со почит  се сеќаваме на сите борци и херои, синови и ќерки на нашата татковина кои учествуваа во борбата за слободна и независна Македонија, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Благодарение на нивната пожртвуваност во НОБ и антифашистичката револуција денес ја живееме слободата и свои сме на своето и во наши раце е  иднината на нашата татковина Р. Македонија, истакна во својот говор градоначалникот Никола Бакрачески.


„ 11-ти Октомври  не е само придуружување на Македонскиот народ кон светската антифашистичка коалиција во II -та Светска војна туку истовремено неговата големина е во спојување на временскиот континуитет на вековниот стремеж на македонците за опстојување на својата територија и прикучување на својот народ и држава кон големот светско семејство на народите“, истакна во своето обраќање Никола Бакрачески.
За македонскиот народ Антифашистичката  војна беше и борба за национално ослободување на Македонија. Учесниците во НОБ се гледаа како продолжувачи на вековната борба за слободна и независна Македонија. Пред 75 години се вклучивме во големата антифашистичка  коалиција и со  крв ја плативме  својата слобода, истакна Бакрачески.


„Тоа ни дава за право  барем тој придонес да го почитува и меѓународната заедница. Слободољубивите народи и држави не само вербално туку и во пракса да ја поддржат РМ на патот кон  евроинтеграциите и развојот на демократските процеси“, кажа Бакрачески.

 

Денес по 75 години од почетокот на народното востание и НОБ го чувствуваме како патоказ за тоа како да се брани самостојноста, независноста и демократијата во РМ. НА тоа не обврзува минатото , сегашноста  и иднината, порача пред присутните Бакрачески. Денот на македонското народно востание 1941 – 2016 беше одбележан и со пригодна музичка програма.