Skip to main content

Општина Охрид планира подобрување на енергетската ефикасност на три основни училишта

Ќе се прави реконструкција на фасади, дренажа и замена на дотраената дограма. За овие зафати одобрен е поволен кредит во висина од над 700 илјади евра од Светска банка.

 |  Валентина Неловска  | 

Општина Охрид се подготвува за реконструкција на три општински основни училишта. Во втората половина од оваа година ќе се подобрува енергетската ефикасност во основните школи „Христо Узунов“, „Братство Единство“ во населба Лескајца и „Св. Климент Охридски“. Средствата од Светска банка се одобрени за реконструкција на фасади, дренажа и замена на дотраена дограма. За дополнителни зафати кои треба да влезат во проектната апликација се одржа јавна дебата на која беа дадени предлози што да се подобри во училиштата од страна на претставници на школите.

Христо Узунов

Реконструкција на ходниците, да се промени поставениот материјал кој има процепи и прашина. Да се постави лед осветлување.

Св. Климент Охридски

Да се преземе нешто околу системот за греење, потербно е да се реши тој проблем. 

Станува збор за проектна аплиакција која е усвоена од општина Охрид од минатиот состав на градскиот совет, информира Димитар Спасески, од Локалната Самоуправа. Од пет поднесени апликации одобрени се средства за три проекти во висина од 750.000 евра за општина Охрид.

80 проценти од средствата државата ќе обезбеди кредит од Светска банка, а потоа таа ќе ги отстапи на општините по многу поволни  каматни стапки, со 3 години грејс период и исплата од 7 до 12 години. Се добива грант од 20 проценти за потребите на образовните институции – вели Спасески.

Стручни тимови од Светска банка заедно со одборот на корисници ќе ги разгледаат предлозите за потребите на трите основни училишта и ќе одлучат дали ќе бидат прифатени во проектните апликации. Градежните зафати ќе се реализираат по завршување на учебната година.