Skip to main content

Општина Охрид сеуште не добила дел од касарната

Општина Охрид сеуште не добила дел од касарната.

 |  Валентина Неловска  | 
касарна
касарна

Во охридската касарна нема конкретни зафати, а просторот од ден на ден  пропаѓа. Иако пред една година од локалната самоуправа, од секторт за урбанизам, беше  презентирано  урбанистичко  планско решение каде што беа највувани изградба на станбено- деловен комплекс, црква, спортски терени , пробивање на улица, досега на терен не е започната конкретна реализација. ТВМ се  обиде да дознае во која фаза е  владиниот проект со кој  касарната треба да се пренамени со нови содржини во насока на поголем економски развој на општината.  Од Министерството за одбрана со писмен допис ни одговорија дека делови од касарната „Михајло Апостолски“ се предадени на користење на МВР и Министерството за образование и наука. Додека пак за делот кој треба да и биде предаден на локалната самоуправа врз основа на одлука на Влада, постапката не била започната.  
касарна
Градоначалникот Никола Бакрачекси кажува дека планската урбанистичка документација за делот од касарната кој треба да го користи локалната самоуправа е во завршна фаза. По нарачка на министертвото за одбрана Локалната самоуправа  го подготвувала Геодетскиот елаборат за касарната, информира Бакрачески. Градоначалникот вели процедурата е  тек  но  засега нема конкретни информации од ресорното министерство, укажува Бакрачески.

„ Јас претпоставувам дека не се работи за закочување на постапката туку се работи за изнаоѓање на најсоодветно и најкорисно решение за да не дојде ситуација земјиштето да се подели на 3 субјекти ,а во понатамошниот тек, во иднина да нема стратегија што ќе се прави со земјиштето и тоа да пропаѓа. Претпоставувам, не можам да тврдам какви се плановите, но наша  обврска на Локалната самоуправа е да го изготвиме и да го завршиме геодетскиот елаборат и да го предадеме на Министерството за одбрана за да ги одреди парцелите наменети за Локалната самоуправа“, истакна градоначалник.
 касарна
Од Министерството за образование и наука, пак информираат дека дел од касарната им е предадена на управување уште во 2010 година. Истиот ќе се преадаптира за потребите на Универзитетот за информатички науки и технологии Св.Апостол Павле – Охрид, со сите потребни училници, кабинети, амфитеатар и ректорат, за што министерството издвоило околу 36 милиони денари во оваа прва фаза, информираат од таму.Активностите се во тек и согласно договорот ќе биде целосно заокружени до крајот на годината. Понатаму ќе следува преадаптација на објект и изградба на амфитеатар.

Се поставува прашањето зошто само за делот од охридската касарна кој треба да се искористи за потребите на општината процедурата се одолговлекува. Само за споредба, во соседна Битола во рамки на истиот владин проект „Старите касарни за нов економски развој на општините“, на просторот на поранешната касарна на 104 хектари  се изградени 3 станбени комплекси,  филмски град и се префрлени неколку образовни институции.

{loadposition content9}