Општина Охрид, Заводот за кардиологија и Црвен Крст со проект за подостапни здравстени услуги
Тимови од здравствени експерти, соодветно обучени и опремени ќе даваат здравствени услуги во домовите на лица со попреченост или намалена мобилност, како и домашни посети, медицински и психолошки прегледи на пациенти позитивни на КОВИД 19. Овие активности се во рамки на пилот програмата од проектот „Cross4all“ кој ќе го имплементира Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, заедно со Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид и Општинската организација на Црвен крст.
Мобилни здравствени тимови ќе даваат медицински услуги во домовите на граѓаните кои имаат потежок пристап до здравствениет установи. Од идната недела стартува проектот „Cross4all“ кој го имплементира Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, заедно со Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид. Специјалните медицински тимови се составени од доктори од центарот за Кардиологија, психолог, социјален работник и медициника сестри, соопштува Ѓоко Апостолов од Тлер.
„Главна цел на проектот е да се таргетираат повозрасни лица, лица со посебни потреби и лица кои живеат во изолирани рурални средини кои немаат адекватен пристап до здравствените услуги. Преку мобилните екипи на општина Охрид , ОО ЦК и Заводот за Кардиологија ќе бидат посетувани во нивните домови, а паралелно ќе бидат прегледувани и во ЦК“.
Општина Охрид доби дозвола од менаџментот на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција во проектот да бидат вклучени и лицата болни од ковид 19. Со овој проект мултидисциплинарни тимови на медицински експерти ќе ја олеснат работа здравствените институции кои се преоптоварени со работа, а граѓаните ќе добијат навреме здравствени услуги, информира Константин Георгиески, градоначалникот на општина Охрид .
„Овие тимови ќе испорачуваат здравствени услуги од областа на превенција, дијагностицирањето, упати до услуги од рецепти во домот на лицето. Акцентот ќе е ставен на домашните посети, медицински и психолошки прегледи на пациенти позитивни на ковид 19“.
Мобилните медициски тимови ќе имаат на располагање теренско возило и современа, технолошки напредна медицинска опрема. Медицински тимови ќе има и во Заводот за кардиоваскуларни заболувања Св. Стефан како партнер на проектот. Пациентите по потреба понатака ќе бидат упатувани во секундарните или терцијалните здравстени установи, кажува д-р Виолета Мојсоска од кардиолошкиот завод.
„На располагање ќе се стави дел од медицискиот и техничкиот персонал организиран во два тима. Еден ќе е статичен во нашата установа, во посебна амбуланта и една мобилна единица во соработка со ОО ЦК во подрачјата кои ним им се познати ќе се прават прегледи. Ќе се насочиме кон кардиоваскуларната патологија“.
Граѓаните кои припаѓаат во категоријата за добивање здравствени услуги со овој проект прегледите може претходно да ги закажуваат во ОО ЦК, напоменува Сашо Точков, претседателот на охридскиот Црвен крст.
„Ќе има оперативен центар со телефонски броеви од Црвен крст, фиксен и мобилен број, на кој луѓето ќе може да закажуваат прегледи слично како „Мој термин“. Со временско растојание на прегледите еден од друг за да се заштитат сите во оваа ситуација. Сите кои ќе закажат преглед ќе бидат потсетени за да дојдат на закажаниот термин и да бидат прегледани.“
Проектот „Cross4all“ стартува од вторник, а ќе се имплементира во следните 6 месеци.