Општина Струга: Во понеделник ќе се направи анализа на водата во Црн Дрим
Соопштение од Општина Струга за водата која се влива во реката „Црн Дрим“.
| | Охрид
„Во врска со објавите на социјалните медиуми за водата која се влива во реката “Црн Дрим“ пред Мостот на Поезијата, сакаме да ја известиме јавноста дека се работи за зголемена матност и содржина на железо.
Оваа вода, се јавува периодично при автоматско чистење на филтрите од топлотните пумпи на Хотел Дрим, кои служат за затоплување и ладење.
Апелираме до порталите да не шират дезинформации во јавноста, а за конкретни информации да се обратат кај надлежните служби на Општина Струга.
Во понеделник екипа од Јавно здравство Охрид, ќе направи анализа на водата и за тоа ќе бидете благовремено известени.“-се вели во соопштението на Општина Струга.