Skip to main content

Општината ќе постапува и на објектите на шеталиштето Кеј Македонија

 Станува збор за полулегални објекти кои плаќале закупнини за земјиштето ама работат со  нелегални тераси. Наместо да постават урбана опрема како штоим стои во одберенијата од општината тие просторот го застаклиле или физички затвориле.

 |  Валентина Неловска  | 

Општината ќе става ред и на кеј Македонија на објектите кои се наоѓаат вдолж шеталиштето. Голем број објекти ги прекршиле издадените одобренија од општината, вели градоначалникот Константин Георгиески, за ситуацијата и во овој дел од атрактивното крајбрежје.

Таму состојбата е лоша како и секаде. Станува збор за полулегални објекти. Таму е издадено одобрение за поставување на урбана опрема, а урбана опрема според дозволите кои ги добиле од општина и за кои плаќаат надомест значи некаде настрешница, чадори и маси, а никаде не станува збор за застаклување, физичко затварање, а некаде има дури и подно греење“, посочува Георгиески.

Станува збор за работа на полулегални објекти кои засега немаат добиено решенија за да ги одстранат нерегуларностите согласно издадените одобренија за поставување на урбана опрема. Тоа е процес кој ќе стигне и до нив, велат од општинскиот инспекторат.

Тие се плаќачи на закупнина за земјиштето на општината, но се нелегални терасите и ќе се постапува и таму“, додава градоначалникот.

Инаку, од објекти кои се евидентирани во општинскиот регистер на бесправно изградените објекти од 409 -те не се само објекти туку и тераси, скали, огради. Институциите од 2003 година во општина Охрид не срушиле нити еден столб и дозволиле да се изградат и да се напластат голем број нелегални предмети кои завршиле само во евиденцијата на дневниците на општинскиот инспекторат.