Skip to main content

Општината не надлежна за осветлување на патниот правец кон Албанија

Сите институции се оградуваат од одговорноста за замена на  оштетените  електрични канделабри поставени на магистралниот патен правец што води  од Охрид кон Република Албанија.

 |  Валентина Неловска  | 
канделабри
канделабри

Сите институции се оградуваат од одговорноста за замена на  оштетените  електрични канделабри поставени на магистралниот патен правец што води  од Охрид
кон Република Албанија. ЈП Македонија пат,  Агенцијата за патишта и Локалната самоуправа тврдат дека тоа не е во нивна надлежност. Од ЕВН побаравме одговор зошто не функционира осветлувањето на овој потег и во чија надлежност е одржувањето на патниот правец.  Портапаролот на ЕВН Ленче Карпузоска одговорноста за осветлувањето на оваа делница ја лоцира кај општина Охрид. Со ова не се согласува градоначалникот  Петрески иако смета дека патот треба да биде осветлен се до туристичката населба Пештани. Тој укажува на низа пропусти при поставувањето на канделабрите кои светнаа на патниот правец за време на одржувањето на Нато самитот во 2008 година, но се оградува од одговорноста за одржување.

светилки„ Немаме надлежност да го поправаме осветлувањето. Доколку е  завршено осветлувањето треба да се предаде со записник за да биде на наш товар, но досега тоа не е направено па осветлувањето не е на наш товар“.   

За уличното осветлување пак во градот  Петрески  смета дека на високо ниво. Завршиле со реконструкција на осветлувањето и останува уште многу  мала инвстиција за да се заврши обновата на целото јавно осветлување.
Со престојниот процес како општина се веќе во процедура да го решат јавното осветелување во наредните 15 години.

„ Влезени сме во процес за промена на осветлувањето со диодно осветлувањето и очекуваме трошоците да ги намалиме за околку 80-90 посто од сегашниот трошок.,а при тоа без да се оптоварува општинскиот буџет“, рече Петрески.
 
Неодмна Советот на општина Охрид донесе одлука јавното улично осветлување да го одржува со помош на јавно приватно партнерство. Оваа одлука беше оспорувана од советниците од опозицијата.
Но, како и да останува граѓаните да видат кога ќе светне на улиците онаму  каде што недостасува осветлување.     

{loadposition content9}