Skip to main content

ОИК ги соопшти конечните изборни резултати

Воедно го официјализираше изборот на д-р Никола Бакрачески за прв човек на градот, но и конечната листа на советници кои ќе работат во новиот Совет на општина Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
rezultati OIK
резултати ОИК

Општинската изборна комисија ги официјализираше резултатите од одржаните локални избори 2013 година. Никола Бакрачески, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, со освоени 21.004 гласови, во првиот круг е избран за нов градоначалник на Охрид.

OIK rezultatiОд неговите противкандидати, Александар Петрески од СДСМ и Сојузот за иднината освои 13.250 гласови, Александар Митрески од СДПМ, освои 471 глас, Фетах Елмази од ДПА освои 351 глас и Васил Ристески од СДУ освои 235 гласови. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија и најмногу гласови за советничката листа односно вкупно 15.592, листата на СДСМ и коалицијата освои вкупно 10.231 глас, групата избирачи Кујтим Усеини 2287 гласа, групата избирачи Павел Попоски освои 1839 и Љупчо Настоски, 1436 гласови.

Инаку утрово во 5 часот и 30 минути истече и законски предвидениот рок од 48 часа од поднесувањето на првичните резултати за доставување на евентуалните приговори од кандидатите.

{loadposition content9}