Skip to main content

Локална самоуправа

Општинскиот буџет закрепнува, реализација на капитални проекти ќе има

Позитивната финансиска состојба на Буџетот покажана во вториот квартал од годинава да се искористи за реализација на големи проекти.
 |  Голабовски Крсте  | 
Општина Охрид

Позитивната финансиска состојба на Буџетот покажана во вториот квартал од годинава да се искористи за реализација на големи проекти. Големата сума финансии кои централната власт ги префрла на сметка на локалните самоуправи со цел да ја зголемат нивната самостојност, согласно измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа треба мудро да се искористат. Исто така, голем е приливот на средства и од данок на имот, каде се бележи зголемување за околу 59 милиони денари, кажа од говорницата во советот Живка Ангелоска – Координаторка на советничка група на СДСМ. Таа апелираше, при конституирањето на новиот буџет, да се има во предвид новата состојба и дефинитивно да се предвидуваат и реализираат поголеми капитални инвестиции. Ангелоска потенцираше дека ги очекува ветените проекти од предизборната кампања, „Време е за големи проекти“.

„Очекувам финализирање или барем отпочнување на големите проекти, како „Крушевска Република“, катна гаража, велосипедска патека, не онаа невозможната кај Св.Стефан, нека биде некоја друга, училиште имавте во тие големи проекти, како и да е сметам дека со средствата коишто сега успева општината да ги прибави веќе е време да зборуваме за големи проекти3, – re;e Живка Ангелоска – Координатор Советничка група СДСМ.

Помалите активности кои се реализираат, нека бидат во периодот кој доаѓа, само придужни истакна Ангелоска. Претседателот на Советот, Сашо Донев и одговори на Ангелоска дека нејзината политичка партија која е на централна Власт, треба да им помогне во реализацијата на овие големи проекти. Донев објасни дека за реконструкција на плоштадот Крушевска Република повеќе од два месеци го чекаат мислењето од комисијата за УНЕСКО. Проектот е повеќе пати изменет, а ја очекувале и согласноста од стручната комисија од Министерството за култура за да можат да издадат одобрение за градба и да распишат тендер за реализација на еден од поголемите проекти.

„Катна гаража, Комисија за УНЕСКО бараа повеќе пати да се измени проектот, им сметаа деловните простории во истиот објект кои што беа предвидени за да има економска оправданост инвестицијата и не се согласуваа со истите. Нашите напори беа за џабе, бараа да се тргнат деловните простории, ги тргнавме и сеуште чекаме мислење од комисијата за УНЕСКО3, objasni Сашо Донев – претседател на совет на Оштина Охрид.

Што се однесува до проектот за канализацијата во Трпејца, информираше Донев, проект на кој се чекало 30 години, обезбедени се средства од централната власт, дополнителни средства ќе бидат обезбедени со буџетот за 2024 година и тие градежни активности од локалната се надеваат дека ќе ги изведуваат преку ЈП Нискоградба, но се чека одобрение од Министерство за животна средина и просторно планирање. Исто така, Донев најави и изградба на канализација за селата Горно и Долно Лакочереј, за кои е добиено одобрение за градба, обезбедени се средства од Министерство за животна средина, а се прават напори да се обезбедат дополнителни средства, за реализација на целиот проект.