Општинскиот комитет на Вмро Дпмне упати проглас до охриѓани
Општинскиот комитет на Вмро Дпмне упати проглас до охриѓани.
Општинскиот комитет на Вмро Дпмне упати проглас до охриѓани. Пред стотина членови на партијата и пратениците кои се собраа пред платото на партиското седиште, со патриотски песни и скандирања, претседателот на ОК на Вмро Дпмне упати проглас до охриѓани. Прогласот следува по обајвувањето на СДСМ дека постигна договр со ДУИ за формирање Влада.
„Да го кренеме гласот, да кажеме ова вака веќе не може. Ние како граѓани нема да дозволиме на нашата држава разнебитување, федерализација и други тајни работи кои ги прави СДСМ и албанските партии“, кажа Арнаудов
Ние го креваме гласот и кажуваме дека постоиме и не се повлекуваме назад. Ќе застанеме на браникот на нашата татковина и со сите средства ќе ја браниме, порача Арнаудов.
„Ние, во рамките на организационите моменти ќе излеземе на масовни протести, ќе го кренеме гласот и ќе одиме и до Скопје, низ улиците на градот, каде што ќе е потребно нашиот глас да се чуе и да ја одбраниме татковината“, рече Арнаудов на синоќешниот собир.
ОК на Вмро Дпмне понатамошните насоки за дејствување ќе ги чека од раководните органи на партијата и во тие рамки понатака ќе делуваат, нагласи претседателот на охридскиот огранок на партијата, Љубен Арнаудов.