Skip to main content

Општина Дебрца

Општина Дебрца доби планинарски дом

Завршена реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во село Брежани Општина дебрца во планинарски дом.
 |  Голабовски Крсте  | 

Завршена реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во село Брежани Општина дебрца во планинарски дом.

Градоначалникот Зоран Ногачески, проектниот кординатор за ЕУ од општина Дебрца – Ангел Секулоски и Антонио Додевски од Планинската Спасителна Служба, остварија средба со Г-дин Елвис Али, програмски менаџер на Делегацијата на ЕУ и г-дин Марин Белули од Заедничкиот генерален секретаријат за ИПА2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија.

Заедно со проектниот партнер, О.О на Црвен Крст Охрид, програмскиот менаџер на лице место во с. Брежани, го запознавме со реализираните активности од Проектот: „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“.

Со овој проект, во општина Дебрца се изврши реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во с. Брежани во планинарски дом, а следно е реконструкција на пропустите на патот од село Брежани до Илинска црква. Претходно се изврши набавка на опрема и специјално теренско возило Duster за спасување во зимски услови, како и обуки за прва помош во зимски услови, за локалното население.

Реализатори на проектот се Црвен крст Охрид, Алпинистички клуб ПАТАГОНИЈА Охрид, Општина Дебрца и Општина Грамш од Албанија.

Градежните активности се одвиваа во насока на зацврстување на објектот со армирано-бетонска конструкција, поставување санитарни јазли и електрична инсталација, поставување нова дограма, како и осовременување на градбата и нејзина преадаптација во планинарски дом.

Од Општина Дебрца изразија голема благодарност до Делегацијата на ЕУ во Македонија, која ја поддржа имплементацијата на овој проект.

Portal TVM brings Ohrid news with deep coverage.